Видео: Левица бара Уставниот суд да ја поништи одлуката за референдум


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Политичката партија Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за распишување референдум, со која бараат нејзино поништување. Оттаму сметаат дека има повеќе причини поради кои треба да сопрат активностите за организирање и спроведување на референдумот.

– Бидејќи во иницијативата се бара времена мерка, тоа значи дека иницираме итна постапка и очекуваме Уставниот суд веднаш по годишните одмори, а тоа значи пред референдумот да се произнесе. Во случај да не се произнесе можно е постфестум да ги поништи резултатите – рече Димитар Апасиев од Левица.

Апасиев вели дека одлуката на Собранието ги нема сите потребни елементи, што по Законот за референдум треба да ги има.

„Одлуката нема образложение и го нема целиот назив за актот по којшто се гласа, туку е даден само скратен назив на актот, не е предвидено гласање на одделни гласачки ливчиња и не наведен видот на рефрендумот – дали станува збор за претходен или за дополнителен референдум и дали станува збор за факултативен или за задолжителен референдум.

За Левица спорно е и референдумското прашање, на кое според Димитар Аспасиев има осум можни одговори, а законот дава можност само за два.

Извор: Макфакс/Таратур