Левандовски ја одби последната понуда од Баерн


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ѕвездата на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ја одби последната понуда на неговиот актуелен матичен клуб за продолжување на договорот.

Двете страни преговараат подолго време, а Баварците се обидуваат да го убедат Полјакот да остане на „Алијанц Арена“, и покрај сериозниот интерес од Барселона.

Сепак, двете страни се уште се многу далеку од постигнување договор, а иднината на 33-годишниот голгетер останува под знак прашалник, пишува „Спорт“.

Левандовски и неговиот агент Пини Захави биле крајно разочарани од најновата понуда на Баерн. Не се задоволни ниту од времетраењето на предложениот договор, ниту од платата која е понудена.

Актуелниот договор на играчот е до 2023 година, а од Баерн потврдија дека сигурно нема да го продадат на лето дури по цена следната година да си замине како слободен играч.