Левандовски има три понуди – може да падне рекорд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Иако од Баерн Минхен во неколку наврати изјавија дека Роберт Левандовски не е на продажба, сепак англиските медиуми не престануваат да шпекулираат за неговата иднина.

Полските медиуми тврдат дека за Левандовски има три понуди и тоа од Челзи, Манчестер Сити и Пари Сент Жермен, па поради тоа добил дозвола да закасне во кампот на националниот тим.

Денес британски „Телеграф“ пренесе дека раководството на Челзи е спремно да платат 100 милиони фунти за напаѓачот.

Левандовски има договор на уте три години со Баерн Минхен, но сериозно размислува за промена на средината.

Меѓутоа „Кикер“ тврди дека раковоството на Баварците тешко ќе се согласи да го продаде Левандовски ова лето.