Летување од 7.000 евра за вечер: Бекамови мерачат на Свети Стефан


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Славниот спортско-музички и моден пар, Викторија и Дејвид Бекам, својот семеен одмор го поминуваат на црногорското крајбрежје, уживајќи на луксузниот Свети Стефан, пренесуваат балканските медиуми.

„Семејството Бекам отседна во Вила 112, еден од најлуксузните апартмани на Свети Стефан, каде што своевремено престојувале и принцот Чарлс, актерката Софија Лорен, тенисерот Новак Ѓоковиќ со своето семејство, актерот Џереми Ајронс. Станува збор за многу луксузен апартман, во кој ноќевање со појадок чини 7.000 евра! Како гости на оваа вила на располагање им се услугите на познатиот ресторан, чијшто сопственик е холивудскиот актер Роберт де Ниро. Овој ресторан до лани беше сместен во Милочер, за потоа да се пресели на Свети Стефан. Викторија и Дејвид бараа целосна приватност, па речиси е невозможно да ги забележите некаде без обезбедувањето. Дејвид со децата оди на пливање и на крстосување со јахтата, но секогаш во придружба на обезбедувањето“, сведочи неименуван извор за медиумите.