Летното сметање на времето, го зголемува ризикот од срцев удар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кога го менуваме часовникот за летно сметање на времето, не ризикуваме само замор, туку и сериозни здравствени проблеми, тврдат медицинските лица.

Скратувањето на еден час од сонот на организмот може да предизвика последици и да го зголеми ризикот од срцев удар.

Кардиолозите утврдија дека бројот на инфаркти е поголем за 10% во деновите по поместување на часовникот при летното сметање на времето.

Не е уште утврдено зошто тоа се случува, но спиење помалку, покренува инфламаторни процеси во телото, велат лекарите.

Најопасен ден, меѓутоа не е недела, туку понеделник, кога келиите на организмот очекуваат уште еден час спиење. Затоа одморајте во недела и потрудете се да си легнете што е можно порано.