Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Топлотниот бран веќе подолго време ја зафати нашата земја, па покрај тоа што е важно да се криеме од сонцето во најтоплиот период од денот, важно е и да внимаваме што консумираме. Свежото овошје и зеленчук е одлична комбинација за полесно поднесување на високите температури.
Стручњаците советуваат физичката активност да ја сведеме на минимум помеѓу 11 и 17 часот. Најдобро е итните обврски да ги извршувате рано наутро или навечер. За да се избегне топлотниот удар, мора да седиме во климатизирани простории, но разликата меѓу надворешната и внатрешната температура не смее да поминува 7 степени.
Со цел да не дојде до труење со храна, мора да внимавате која храна ја консумирате. Поради тоа добро е да избегнувате одредени намирници и пијалаци. Кои се тие?
Калорични јадења, „зимски јадења“ и сувомеснати производи
На калоричните јадења им е потребно подолго време за обработка, со што се ослободува топлина, а со тоа и се загрева организмот.
Зрелите и масни сирења се извор на маснотии и сол, а освен исцрпување на организмот може да предизвикаат и бактериско труење.
Сувомеснатите производи тешко се варат, а поради големото количество на сол, ќе пиете многу повеќе вода.
Гулашот и варивата се типични „зимски јадења“ кои се сервираат топли, а содржат многу зачини кои влијаат врз варењето на храната.
Алкохол, засладени и газирани пијалаци, како и кофеин
Алкохолните пијалаци како што се коктелите или ладните пива, без оглед што ви изгледаат како идеални летни пијалаци, всушност го дехидрираат вашиот организам поради стимулација на излачување на течности.
Засладените и газирани пијалаци исто така предизвикуваат дехидратација и најдобро е да ги замените со вода или свежо цедени сокови.
Кофеинот е најпознат диуретик, кој поттикнува излачување на течности од организмот и делува контрапродуктивно при процесот на ладење.
Со оглед на тоа дека во летниот период позачестена е појавата на дехидратација, особено е важно да ги надокнадите изгубените електролити со внесување на некои пијалаци.
Изотонични пијалаци, вода, ладна супа и јогурт
Изотоничните пијалаци и водата потребно е постојано да ги внесувате со цел организмот постојано да се разладува. Водата, незасладениот чај и изотоничните пијалаци се идеални за освежување.
Ладната супа не прави проблеми при варење и на тој начин го спречува загревањето на организмот.
Јогуртот штити од бројни несакани летни инфекции, бидејќи содржи „добри бактерии“ корисни за цревната микрофлора.
Витамините внесете ги преку овошје, салата и житарици
Овошјето е одличен извор на витамини, минерали и антиоксиданси кои нудат додатна летна заштита од штетното делување на сончевите зраци.
Зеленчукот како вреден извор на антиоксиданси на природен начин го лади телото поради водата која ја содржат многу зеленчуци.
Салатите, овошните или зеленчуковите, се најбрзи за хранлив оброк, а може да се збогатат и со риба или пилешко месо.
Житариците како што се пченицата, јачменот, просото, амарантот и кускусот може да се подготват со малку маслиново масло и сол. Зготвените житарици може да се изладат и да се додадат во разни јадења, но најчесто во хранливи салати.