Летни температури среде октомври


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оваа среда во Македонија носи сончево и топло со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната од 24 до 31 степен.

Во Скопје, сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 30 Целзиусови степени. Во Маврово 22, Охрид 24, Битола 28, Кавадарци 30, Крива Паланка 27, Берово 26, Дојран 31.

И за утре прогнозата е сончево и топло со мала облачност и со слаб ветер од јужен правец и дневни температури до 30 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево време со натпросечни дневни температури за овој период од годината. Кон крајот на неделата ќе има мала до умерена облачност, а дневните температури благо ќе опаднат.