Advertisements
Вебкафе

ЛЕТНАТА ДЕПРЕСИЈА НЕ Е МИТ: Температурите ги поттикнуваат црните мисли

Покрај тоа што луѓето во врелите денови се склони на повреди од другите, се повредуваат и себеси. Жештината влијае на луѓето така што повеќе размислуваат за самоубиство, покажува американско истражување.

Порано е докажано дека луѓето повеќе се расправаат која надворешната температура расте. Но, сега е откриено дека покрај тоа што се склони да ги повредат другите, се повредуваат и себеси. Дека луѓето размислуваат за самоубиство докажува и истражувањето на Универзитетот Станфорд, Калифорнија и Беркли.

Експертите ги анализирале објавите на Твитер, во однос на временските прилики. Забележале дека кога надвор е жешко, расте бројот на постови во кои луѓето се жалат дека се осамени и дека се чувствуваат заробено.

Овој резултат особено загрижува ако се има предвид дека поради климатските промени до 2050. година глобалната температура би можела да порасне и за два степени. Тоа, евентуално ќе предизвика дополнителни 21.000 самоубиства во Амрика и Мексико, велат експертите и додаваат дека влијанието на жештината за самоубиствата е исто како влијанието на економската рецесија.

Advertisements

Најпопуларно

To Top