Летен снег во Словенија – Кредарица целосно побелен (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тоа што веќе и календарски убаво завлеговме во летниот период не значеше ништо за снежната вејавица која ја зафати Словенија.

Ттемпературите ширум Балканот, и покрај фактот дека сме календарско лето, се пониски од вообичаеното за овој период од годината, а на планинскиот врв Кредарица во Словенија падна снег.

Објектите и природата која се наоѓа на 2.515 метри височина се потполно бели, пренесуваат словенските медиуми.

Кредарица е планински врв, каде највисока температура е измерена на 27 јули 1983 година и изнесуваше 21,1 степени, а најниската е измерена на 7 јануари 1985 година, кога изнесуваше -28,3 степени.