Летечки фраери рамо до рамо со осум Алфаџет авиони на небото (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тројца летачки луѓе, опремени со крилја со реактори, за првпат, заедно летаа со осум авиони од типот Алфаџет на Патруј де Франс, соопшти француското воено воздухопловство.

Како што пренесува дописникот на МИА од Париз, „летачките луѓе“ се  Швајцарецот Ив Роси поранешен пилот на борбен авион и пронаоѓач на концептот и Французите Винсент Рефет и Фред Фуген, светски шампиони со падобран, ја потпишаа оваа нова воздушна кореографија со престижната екипа на Патруј де Франс за време на летот во јужниот дел на Франција.

Тие на почетокот се држат на страна од вратата на хеликоптер, потоа ги вклучија моторите, паѓаат во празнина, во средината на кругот направен од осумте Алфаџети за да формираат една целина на височина од 1.200 метри.

Тие потоа летаат на неколку метри од авионите, носени од страна на нивните тврди крилја „со користење само на движењето на нивните тела за да ги задржат своите позиции“ меѓу авионите, се вели во  соопштението на воздухопловните сили.

Заедно летечките луѓе и млазните авиони летале девет минути во оваа конфигурација, со брзина од 260 км / час, доста висока за “летечките луѓе” многу поумерена за авионите, изјави еден од портпаролите.

„Тоа беше лудо! Видовме како Икар лета покрај нас како ловци, како птици. И тоа беа луѓе, само со крило на рамениците,” изјави по летот лидерот на патролата на Франција, командант Кристоф.

“Нереално! Летавме со овие авиони! Не сум сонувал, тоа е генијално!” Додаде подеднакво импресиониран, Ив Роси, кој вели дека тогаш тој имал  чувство дека повторно станал пилот на борбен авион.

„Летечки луѓе” веќе го имаа споделено на воздух заедно со суперџамбото Ербас А380 и два авиони во џет тимот на Бреитлинг, но никогаш не функционираат на ова ниво на перформанси, со осум авиони и пилоти  директно излезени од елитата на борбена авијација.

За да се избегнат сите ризици од судир, „модерните Икари“ летале над или покрај Алфаџетите, но секогаш давајќи впечаток дека се дел од „балетот“ .

Алфаџетите се школски  авиони за борбени пилоти ловци или за напад во зависност од верзијата.