Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Руските борбени авиони редовно прават летови над неутрални води, а сега е објавена и една снимка како изгледа таков лет со фамозниот Тупољев 160. На видеото се снимени полетувањето, летот и слетувањето на рускиот воен „бел лебед“.
Снимката е направена за време на редовниот лет на стратешкиот ракетоносец ТУ-160 над неутралните води на Балтичкото Море кој траеше повеќе од 7 часа.
За време на овие летови, руските борбени авиони беа следени од „борците“ F-16 од данското воздухопловство, F-18 од финската авијација и JAS-39 од шведското воздухопловство.
Пилотите редовно прават летови со долг домет над неутралните води на Арктикот, Северниот Атлантик, Црното и Балтичкото Море и Пацификот.