Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Комерцијалните авиокомпании за прв пат почнаа да стануваат „мејнстрим“ во ’50-те години од минатиот век. Но, ’60-те и ’70-те го донесоа вистинскиот комфорт, удобност и сместување на патниците кое стана вистинска револуција во авионскиот сообраќај.
Повеќе простор, стилски ентериер и привлечен дизајн – тоа беа условите кои ја наметнаа револуцијата во патувањето со авион. А во сите овие фактори и услови и тоа како предничеше Боинг 747 од ’70-те години.
Идејата за Боинг 747 се роди во ’60-те години од минатиот век, кога Pan Am побара од компанијата Boeing авион со 400 седишта. Првиот човек на Pan Am, Хуан Трип, имаше револуционерна идеја во својата глава. Но, тоа не се совпадна со дизајнерскиот тим на Boeing, бидејќи тие преферираа дизајн со широк простор. Еве како испадна сета таа реализација. А од фотките се гледа дека во тој период патувањето со авион било многу поудобно отколку денес.