Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ликот кој го толкуваше веќе на големо прозваниот за недолични сексуални дејства актер Кевин Спејси ќе биде избиршан од завршениот филм на Ридли Скот „Сите пари на светот“ („All The Money In The World“).
Улогата на славниот холивудски актер кој е во центарот на сексуалниот мегаскандал кој уште го тресе шоубизнис светот ќе ја добие Кристофер Пламер.
Според извори од продукцијата, Пламер веднаш започнува со снимање, што значи дека сите сцени каде што се појавува Спејси ќе бидат преснимени, а во преснимувањето ќе треба да учествуваат и Марк Валберг и Мишел Вилијамс.
Ридли Скот планира дополнителните снимања да бидат завршени пред закажата премиера во САД на 22 декември.