Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Лестер, Брендон Роџерс ги предупреди клубовите од Манчестер за евентуалниот трансфер на Хари Мекгваер.
Двата клуба силно го посакуваат дефанзивецот, а Лестер постави краен рок во кој може да се реализира трансферот, бидејќи остануваат уште три недели до затворањето на преодниот рок во Премиер лигата.
„Лисиците“ за Мекгваер бараат 75 милиони фунти, со што англискиот репрезентативец ќе стане најскап дефанзивец во историјата на фудбалот.
„Ќе има краен рок. Не можеме да го продадеме Мекгваер, а да останеме без дефанзивец. Имаме неколку мети ако Хари си замине, но немаме потреба да го продаваме. Дури и ако ја понудат бараната сума во последен момент, ние ќе ја одбиеме“.
„Мора да имаме време за да донесеме адекватна замена. Па така после одреден момент, трансферот нема да може да се реализира по никоја цена“, изјави Брендон Роџерс.
Brendan Rodgers gets tough with Man United and Man City over Harry Maguire https://t.co/KDgMp9AoD2 pic.twitter.com/YEctaFtHor
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) July 17, 2019