Лесно „цапнува“ до 300 км/час


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


BMW M5 CS претставува врв на серијата BMW M. Покрај тоа што е 3,5 пати помоќен од основната верзија, приближно ист сооднос важи и во однос на цената. Затоа, малку е веројатно да се сретне овој автомобил во живо. Во тој случај, не треба да изненади леснотијата со која исчезнува од хоризонтот.

Седанот од 1825 кг има 635 КС, што го прави најсилниот М5 во историјата. И најбрз, затоа што стигнува до 100 км на час за помалку од 3 секунди, а твин-турбо 4.4 V8 моторот е подготвен да вози до повеќе од 300 км на час.

AutoTopNL го однесе овој автомобил на автопат. И навистина, 100 km / h стигнува за помалку од 3 секунди, но забрзувањето до 200 km / h е уште поимпресивно – подобро од фабричките податоци.