Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кај да е, зимата ќе го види и својот календарски крај, иако фер е да се спомене дека зима речиси воопшто и да немавме со исклучок на еден-два кратки снежни периоди. А со заминувањето на зимата, се отфрлаат вишокот парчиња облека од нас, а со тоа и на виделина излегуваат и евентуалните вишок килограми кои ни останале како оставштина од зимските и новогодишни денови. Следствено, голем број од луѓето се фрлаат на брзи диети за што поскоро да ги симнат тие вишок килограми.
За таа цел ви препорачуваме лесна и ефикасна диета базирана на јогурт која ја има во голема и мала верзија. Големата трае 7 дена, а малата диета трае само 3 дена. Диетата со јогурт се нарекува и диета на вработените затоа што е многу лесна за држење и секогаш има ефект. Се појадува и се вечера дома, а ручекот и ужината ги носите со вас на работа.
Ако не сте задоволни од резултатот или сакате да изгубите повеќе килограми, можете да ја повторите оваа диета по само 5 дена. Оваа диета е одличен избор ако немате многу вишок килограми затоа што ќе внесувате сè што му е потребно на вашето тело и ќе бидете полни со енергија, а ќе ја намалите тежината.
Сите знаат дека јогуртот е добар за варењето на храната и за здравјето на дигестивниот тракт. Ги раздвижува цревата на здрав начин и овозможува храната да се вари побрзо, благодарение на калциум лактатот. Исто така, јогуртот е добар за детоксикација на телото од сите штетни материи.
Ефектот на оваа диета се заснова на способноста на пробиотските јогурти да го стимулираат здравјето на цревната флора, што резултира со подобро варење, елиминација на токсините и слабеење.
Прв ден
Појадок: јогурт со ниска масленост со житарки по ваш избор.
Ручек: варен зеленчук со ориз со маслиново масло, малку сол и бибер, 1 овошен јогурт.
Вечера: салата од 1 морков, 1 јаболко и 50 грама шунка. Сите состојки кратко пропржете ги во тава со маслиново масло, а кога ќе ги тргнете настрана, додајте јогурт со низок процент на масленост.
Втор ден
Појадок: салата од 1 краставица и благ пробиотски јогурт.
Ручек: малку зачинето мисиркино месо печено во маслиново масло со додаток од пиперки, домати и ситно сечкани печурки. Кога смесата ќе се излади, прелијте ја со 1 јогурт.
Вечера: јогурт со шумско овошје.
Трет ден
Појадок: Комбинација на цимет и јогурт – во јогуртот додајте 1 рендано јаболко, малку сирење и зачинете со сол по вкус.
Ручек: Испечете 150 грама риба ослич, потоа додајте салата од краставица, јогурт и малку сенф.
Вечера: Во 100 грама тестенини додајте 1 варено јајце и ситно сечкани пиперки и на крајот додајте јогурт со ниска масленост.
За диетата:
Со оваа диета ќе бидете сити и нема да се чувствувате исцрпено и уморно, напротив, ќе бидете полни со енергија. Оваа диета е вистински хит кај вработените затоа што е многу лесна за спроведување и дава одлични резултати за краток временски период.
Извор: КафеПауза