Живот

Лесен трик за совршено бели перени алишта

Не секогаш е сè до парите. Понекогаш тајната за чисти бели алишта не се крие во скапите средства од познатите произведувачи, туку во едноставните народни средства и препарати кои се користат со децении.

Еден од таквите начини е избелување на облеката со помош на калиум перманганат. Пробајте, ќе бидете изненадени со резултатот.

Во домашни услови со ова евтино, а многу корисно средство направете го следното: во 10 литри врела вода (во леген) ставете неколку кристали од хиперманганот за да добие водата розова боја.

Не претерувајте, за да не добие темновиолетова боја. Бојата мора да биде розoва.

1.За почеток набавете од аптека најобичен калиум перманганат (хиперманган).

2.Ставете 200 г детергент за перење алишта и промешајте.

3.Ставете ги мокрите алишта во овој раствор. Одозгора покријте со кеса или фолија и оставете да се киснат алиштата околу 4-5 часови (или преку цела ноќ).

4.Потоа, алиштата исцедете ги, ставете ги во машина за перење, и исперете ги на вообичаен начин.

5.По потреба повторете ја постапката,

Совет плус:

обичната сода бикарбона ќе ви помогне да заштедите на скапите средства за перење и избелување на облеката.

Резулатите ќе бидат подобри доколку при перење на висока температура додадете 2-3 лажици сода бикарбона во прашокот за перење. Содата ја намалува тврдината на водата, па така детергентот ќе стане поефикасен.

Како добар избелувач, некои жени користат и прашок за печиво. Потребно е да го ставите пред перењето заедно со детергентот во истата преграда од машината.

Advertisements
To Top