Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Елена Кундура е актуелна министерка за туризам во Владата на Алексис Ципрас, а доаѓа(ше) од партијата на Независни Грци, од каде синоќа беше исклучена заедно со Василис Кокалис, кој е заменик во земјоделскиот ресор, поради непослушност кон лидерот Панос Каменос.
Исклучувањето од партијата доаѓа како резултат на одбивањето од нејзина страна да биде послушна на партискиот повик од Каменос да си даде оставка од министерското место, како и поради тоа што гласаше „ЗА“ доверба на Владата на челос со премиерот Ципрас. Таа најави и дека ќе ја поддржи имплементацијата на Преспанскиот договор.
И денес Елена Кундура важи за една од најубавите Гркинки од својата генерација, а своевремено беше манекенка и светски познат модел која палеше и жареше во светот на модата. Пред да заплива во политичките води, освен што беше светски успешна манекнека, беше и директорка на списание за жени и атлетичарка.
13 години беше во врвот на светската мода, со успешна модна кариера која траеше од 1984 до 1997. Во 1990 го освои престижното признание од CNN како една од топ 10-те најубави манекенки во светот. Беше и амбасадорка на добра волја н UNESCO и UNICEF.
Откако е таа на чело на државниот туристички ресор во Грција, туризмот бележи вистински бум со рекордни бројки на туристи во 2017 и 2018, резултат благодарение на посветените заложби и промотивни стратегии на Кундура. Туристичкиот сектор во Грција во 2017-та достигна 30,5 милиони посетители за прв пат, а 32,5 се евидентирани во 2018-та. Во првите пет месеци од 2018 година, посетителите имаа зголемување од 19,7 проценти, споредено со 2017 година, а слетувањата на некои аеродорми беа повеќекратно повеќе а време на туристичката сезона.