Home Шоубизнис Лепа Брена ја отвори душата: Ќерката не сум ја видела, не знам каква е

Лепа Брена ја отвори душата: Ќерката не сум ја видела, не знам каква е

Лепа Брена ја отвори душата: Својата ќерка не сум ја видела, не знам каква е

Пејачката Лепа Брена има богата музичка кариера, а за нејзиниот успех многумина можат само да сонуваат. Сепак, често истакнува дека семејството ѝ е најголемото богатство.

Виктор и Стефан израснаа во прекрасни и одговорни момчиња, кои си ги работат своите работи. Се гледаме само кога се слободни, и тие и јас – изјави порано Брена, која често нагласува колку ѝ значи поддршката од сопругот.

Боба на некој начин ги оствари сите мои желби. Тој е многу способен во економијата и бизнисот, а нашиот однос е одличен. Во исто време сме и емотивни и деловни партнери – открила таа за хрватското издание на магазинот Story, споделувајќи дали ѝ е жал што нема ќерка.

– Не ми е жал… Кога имаш машки деца… Жал ќе ми беше ако ги немав нив, бидејќи се мои, ги сакам. Кога мајката си ги сака своите деца, тоа е смислата на животот и вечна љубов, а бидејќи јас не сум ја видела својата ќерка… едноставно не знам каква е (се смее). Немам за што да жалам.

– Па, ќе имам снаи. Имам прекрасна и фантастична снаа – Александра Пријовиќ. Што може човек повеќе да посака? Само нека остане како што е. Имам уште два сина, па чекам нивен избор и се надевам дека ќе биде нешто што прво ќе им одговара ним, а потоа и мене – изјави Брена.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Немам повеќе сила, едвај се движам… Марија Шерифовиќ има само една желба

Објавата на Марија Шерифовиќ открива многу работи Пет исклучително успешни концерти приред…