Леопард предизвика хаос и го затвори аеродромот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Единствениот меѓународен аеродром во Непал кратко беше затворен бидејќи беше забележан леопард на пистата.

Меѓународниот аеродром Трибуван, што се наоѓа во Катманду, затворен е утрово по локално време што животното било забележано на пистата.

Полицијата и шумските чувари биле веднаш повикани, а биле блокирани отворите за одвод при невреме, за кои се веруваше дека служат како засолниште на леопардот.

Летовите продолжија по прекин од околу половина час, но потрагата по животното продолжи.

Аеродромот се наоѓа во градот, но зафаќа и еден шумски дел на северниот дел од пистата.