Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот човек на здружението на приватни автобуски превозници „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, за медиумите и јавноста денеска најави дека се повлекува од протестите и блокадите на приватните градски превозници во Скопје бидејќи неговото име се користело за политички цели.
Превозниците тврдат дека ЈСП, односно Град Скопје им должи над милион евра и дека не го исплаќа долгот, поради што немаат пари за гориво и за плати за вработените. Со околу 200 автобуси паркирани на неколку крстосници во центарот на Скопје, приватните превозници целосно го парализираа главниот град изминативе денови.
Јовановски во изјава за СДК.мк вели дека се чувствувал излажан од градоначалничката Данела Арсовска, која сесрдно ја поддржуваше во изборната кампања лани, тогаш нарекувајќи ја „прекрасна жена, жена-титан“ и ја бранеше од нападите на „клети луѓе и изроди“.
„Мене ми е жал, ако нешто може да се поправи, сакам да се извинам на целата јавност што ѝ ја дадов мојата максимална поддршка и што бев измамен од човек кој што многу перфидно умее да излаже, да заведе и да ти даде лажна надеж. Она што ми го збореше мене, Арсовска им го збореше и на овие луѓе. За жал, признавам дека сум изманипулиран и тоа на начин кој им поминува на психопатите. Психопатот многу умешно знае да ви се наметне, да ве излаже и да ве стави во своја функција сè до моментот додека му требате. Првиот момент кога застанав зад превозниците, бев непријател на градоначалничката“, вели Јовановски за СДК.
Арсовска еднострано ги раскина договорите со здруженијата „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ поради наводно неисполнување на обврските, а најави нов јавен повик за превозници, на кои нема да им биде дозволено да конкурираат.