Лекција од Витанов: Ако не и оди на фирмата, ако сите од магационерот до директорот крадат, не го менувате името за да и тргне!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Поранешниот пратеник и заменик министер за економија, а денес успешен менаџер Зоран Витанов на гостувањето во „24 Анализа“, каде соговорници му беа Трифун Костовски и економскиот советник на Заев, проф. Ванчо Узунов, зборуваше за начинот на кој власта го „решава“ проблемот со името, нарекувајќи го „инфантилен и мутав“.

Според една од аналогиите на Витанов, „Ако не и оди на фирмата, ако пропаѓа, ако внатре се краде, ако магационерот краде, директорот краде, куварот во мензата краде… не го менувате името за да и тргне на фирмата. Многу е наивно и инфантило ако ние сега мислиме дека ќе ни дојдат нашите деловни парнтери, нашите добавувачи, нашите клиенти – и тоа најголемите највлијателните и не убедуваат дека ако сега го смените името на фирмата вие внатре нема да крадете, избвештаите ќе ви бидат позитивни итн…“

Витанов продолжува со споредбата… „А башка и кога го сменивме менаџментот, истите мегационери, едниот се вика Амди Бајрам, другиот се вика Али Ахмети, третиот се вика не знам како, истите магационери ни останаа во магацинот – тие што ги правеа загубите, едниот од нив го викаа ‘Тендер Бег’“

Поранешниот пратеник направи споредба и со свирепото убиство кое пред три дена го изврши полицаец – кадар од ДУИ: „Имаме ситуација сега кога „чуварот“ во фирмата уби и запали човек. Полицаец од Битола, вработен од партија, деклариран. Дента кога го направи тоа сликан со заменик-министер за внатрешни. И сега ние очекуваме, дека ако со смениме името, полицаецот можеби ќе го убие, но нема да го запали“

На крајот Витанов додава, „Премногу небизнисменски, непретприемачки, недомакински, неекономски, наивно, ќе ми извините на изразот, премногу мутаво влегуваме во решавање на животни прашања, каде што се однесува за достоинството на моите три деца, јас сум затоа дојден во оваа емисија за да си го одбранам достоинството на моето семејство, оти јас не се надевам веќе во магационерот. И во таква ситуација, јас по никаква цена нема да дозволам туѓи агенди мене да ми кажуваат дека ова ако го направите, она ако го направите вашите роднини во село ќе добијат 25.000 евра пари за нов трактор. Па што чекала Европа, ако толку не’ сака, до сега да го направи тоа?“

Лекцијата од Витанов за професорот, во видеото подолу:

Извор: Јавно