Лекарот кој го врати во живот Кристијан Ериксен открива што прво му рекол фудбалерот кога отворил очи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен на дуелот помеѓу неговата Данска и Финска, во рамки на Европското првенство, се сруши врз теренот во 43-та минута на натпреварот, а лекарите повеќе од 10 минути го оживуваа.

Срцето а Ериксен почнало да чука со помош на дефибрилатор, а лекарот Јенс Клајнфелд открил за „Фокс Спортс“ што му рекол Данецот кога го оживеал.

– Дојде при свест приближно триесет секунди откако го оживеавме. Ги отвори очите и почнав да разговарам со него. Тоа беше многу емотивен момент бидејќи во вакви ситуации шансите за да се поврати се многу мали. Го прашав: Дали си со нас? Тој ми одговори: Да. Да го ебам, па имам само 29 години – вели Клајнфелд.