Лекарка од Нефрологија најдена мртва со убодни рани од нож


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Педесет и тригодишната Ј.М.С., вработена како лекарка на Клиниката за нефрологија во Скопје, вчера е најдена мртва во својот дом на ул. Елисие Поповски Марко, наспроти Клиничкиот центар во Скопје.

Како што дознаваме, според пријавата нејзиниот сопруг бил излезен и кога се вратил дома ја нашол Ј.М.С. облеана во крв, по што веднаш ја повикал Итната медицинска помош. Лекарите само ја констатирале смртта, по што била повикана полицијата.

Според првичниот увид, можно е лекарката да се самоубила, но не се исклучува ни можноста таа да е убиена. На нејзиното тело имало убодни рани од нож во вратот и телото и исечени вени. За случајот од Основното јавно обвинителство Скопје соопштуваат дека од самото место се прибрани сите материјални траги и докази што може да помогнат во истрагата и дека се дадени на вештачење. По наредба на дежурен јавен обвинител ќе се врши ДНК анализа на трагите од крв пронајдени на местото. Освен тоа, јавниот обвинител нареди да се обезбедат и евентуални снимки од видеонадзорот на околните објекти, а во континуитет се сослушуваат лица што би можеле да помогнат во расветлување на настанот.

Нејзиното тело е предадено на обдукција на Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје, од каде што треба да одговорат дали таа сама посегнала по својот живот или нејзината смрт е насилна.

Повеќе детали од полицијата во врска со смртта на лекарката најавија за денес.