Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Приказната за оваа неверојатна тројка близнаци почнала кога Беки Џо, мајка на слаткото девојче Индијана, почувствувала мачнина.
Со оглед на тоа дека веќе поминала низ една бременост, се сомневала дека причина за тоа е бебето во нејзиниот стомак. Но, всушност, не ни знаела какво изненадување подготвува нејзиното тело за неа.
„Одеднаш почна да ми се лоши и ми се јави главоболка. Одлучив да одам на скенер и открив дека во стомакот носам тројка близнаци. Тоа беше најголемиот шок во мојот живот. Во семејството никој дотогаш немал тројка“, раскажува Беки.
После 31-та недела бременост, Беки била префрлена во болница бидејќи дошло време за породување. Но, нештата не биле во совршен ред кога на свет стигнале Роко, Роман и Рохан, бидејќи бебињата имале многу мала тежина.
Веднаш биле префрлени на неонатална интензивна нега, каде поминале 3 недели, пред да бидат пуштени дома.
Кога лекарите им ги тргнале цевчињата за дишење, каблите и жиците, Беки најпосле можела да ги види лицата на своите три бебиња. И тогаш забележала нешто сосема чудно. Трите бебиња изгледале целосно идентично.
Судејќи според бројните извори на интернет, шансите некој да роди идентична тројка близнаци се движат од 60.000 спрема еден до 200 милиони спрема еден. А Беки стана мајка токму на идентична тројка близнаци.
Како што растат дечките, така сè повеќе личат еден на друг. Сепак, колку сето тоа да било лудо и неверојатно, Беки ниту за миг не посакала нештата да испаднат поинаку.