Лекарите од Осми Септември протестираа поради инцидентот од минатиот петок


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Над 200 лекари од Општата градска болница „8 Септември“, денеска од 13 до 14 часот протестираат пред болницата. Лекарите протестираат за да изразат револт од инцидентот кој се случи во петокот кога роднини и пријатели на лице што почина од срцев удар кршеа се пред себе во болницата.

Простестот беше подржан и од директорот на болницата Сашо Стојчев.

„Ние само бараме да се почитува белиот мантил. Не може секој да им се заканува на лекарите и да ги навредува. Ова станува неиздржливо, од ден на ден е се полошо“ , изјави Стојчев.

Инаку пред три дена околу 30 луѓе го демолираа влезот на Градската општа болница „8 септември“ во Скопје, откако од болницата  им соопштиле дека нивниот роднина починал. Човекот бил на 40 годишна возраст и во болницата му вршеле реанимација која траела 40 минути. Групата луѓе заедно со лице од обездувањето кој бил роднина на починатиот, почнале да кршат се околу себе, а потоа го земале починатиот за да не му прават обдукција и си заминале.