Лекар предложен за нов министер за култура


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Првиот човек на Алтернативата, Африм Гаши, како предлог за нов министер за култура го понуди универзитетскиот професор на медицинскиот факултет, Хисни Исмаили.

Новиот министер за култура ќе дојде на местото на Асаф Адеми, кој си поднесе оставка од министерската функција наводно поради здравствени причини.

Според неговата биографија, Исмаили се образувал во Тузла и моментално е професор на Медицински факултет во земјава.

Премиерот Зоран Заев денеска треба да достави предлози за нови министри и во други ресори каде ќе има промени.