Лекар од пеколот: Сексуално злоупотребувал цела женска олимписка репрезентација


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дека сексуалното злоупотребување не е присутно само во Холивуд и шоубизнисот, потврда е и гимнастичарката МекКајла Марони, која преку социјалните мрежи, под хаштагот #metoo објави потресно писмо во кое го обвини за таква злоупотреба лекарот на американската гимнастичарска репрезентација, Лери Насар.

Таа откри дека лекарот неа сексуално ја злоупотребувал кога имала само 13 години.

„Ми рече дека станува збор за нужен медицински третман кој тој го прави веќе триесет години. Тоа почна кога имав само 13 години, во еден тренинг камп, а не престана додека не се откажав од спортот. Ме подложуваше на третмани кога и да начекаше прилика за тоа.

Најстрашната ноќ во мојот живот се случи кога имав петнаесет години. Цел тим патуваше во Токио, а тој ми даде таблети за спиење за време на летот. Кога се разбудив, бев сама со него во неговата хотелска соба. Мислев дека ќе умрам“, напиша меѓу другото МекКајла.

Насар моментално се наоѓа во затвор поради поседување детска порнографија, а го чека судење и за сексуална злупотреба на дури 125 жени, пренесува Daily Mail.

„Ќе им ставеше прсти во вагината и тоа ќе ми помогне со болката во грбот и колковите“, откри гимнастичарката Џејми Данцшер.

Слични обвинувања изнесоа уште две гимнастичарки, Џенет Антолин и Џесика Хауард, а денес триесетгодишната Лариса Бојс го обвини Насер за злоупотреба уште во 1997 година, но никој не поверува на нејзините обвинувања.