Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Лекарот Јулијан Урбан, медицинско лице во болница во Ломбардија, еден од најпогодените региони на светот од коронавирусот, раскажува како изгледа моменталната реалност во болницата во која работи.
Никогаш, ни во најмрачните ноќни мори не сум замислувал дека можам да го видам и да го доживеам она што во последните три недели се случува во нашата болница. Ноќната мора тече, реката станува сѐ по бујна и поголема. Во почетокот дојдоа неколкумина, па десетици, а потоа стотици, и сега веќе не сме лекари, туку станавме подвижна лента и решаваме кој треба да живее, а кој треба да го испратиме дома за да умре, иако сите тие луѓе ги плаќаа даноците на државата сиот свој живот.
„Сфативме дека кога ќе се исцрпи она што човекот може да го направи, потребен ни е Бог, и почнавме да бараме помош од Него…”
До пред две недели моите колеги и јас бевме атеисти; тоа беше нормално затоа што сме лекари и научивме дека науката го исклучува Божјото присуство. Секогаш им се смеев на моите родители бидејќи одат во црква. Пред девет дена кај нас пристигна 75-годишен свештеник. Беше љубезен човек, имаше сериозни проблеми со дишењето, но имаше Библија и нè восхити бидејќи им ја читаше на оние што умираа, држејќи ги за рака.
Сите ние, лекарите, бевме уморни, обесхрабрени, психички и физички исцрпени, кога имавме време го слушавме. Сега мораме да признаеме: како луѓе ги досегнавме своите граници, не можеме да направиме секој ден да не умираат сѐ повеќе и повеќе луѓе. И исцрпени сме; двајца колеги починаа, а другите се заразија.
Сфативме дека кога ќе се исцрпи она што човекот може да го стори, понатаму потребен ни е Бог, и почнавме да бараме помош од Него, кога имаме по неколку слободни минути. Разговараме едни со други, и не можеме да поверуваме дека ние – како закоравени атеисти, секој ден бараме мир, молејќи го Господ да ни помогне, да се спротивставиме за да можеме да се грижиме за болните.
Не сум бил дома веќе шест дена, не знам кога последен пат сум јадел, и ја сфаќам својата безвредност на оваа земја и сакам…
Вчера почина 75-годишниот свештеник; до сега, иако овде бевме погодени со повеќе од 120 смртни случаи во последните три недели, и сите бевме исцрпени, уништени – тој успеа, и покрај здравствената состојба во која беше и нашите потешкотии, да ни донесе мир за кој повеќе не се надевавме дека е возможно да го пронајдеме.
Пастирот замина кај Господ и наскоро ќе го следиме и ние ако вака продолжи. Не сум бил дома веќе шест дена, не памтам кога последен пат сум јадел, и ја сфаќам својата безвредност на оваа земја и сакам до последниот свој здив да им помагам на другите. Среќен сум што Му се вратив на Бога додека се наоѓам опкружен со страдањето и смртта на ближните.”
Јулијан Урбан (38 години), лекар во Ломбардија