Лекар од Канада презентираше респиратор кој лечи 9 заболени од коронавирусо во исто време


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Човечката креативност и иновативност очигледно најмногу доаѓа до израз кога човештвото се најдува во кризна и вонредна ситуација. Така и во овие времиња, кога светот е под опсада од пандемијата на коронавирусот. Канадскиот доктор Алејин Гутијер, анестезиолог од болницата „Перт енд Смитс“ во Онтаиро е едно од лекарските имиња кое го привлече вниманието со својата технолошка креативност.

Овој доктор кој што докторирал респираторна механика, еден болнички респиратор претворил во машина која што може да им служи на девет пациенти кои што се во критична состојба со паролата “направи сам“. Процесот бил толку многу добар што некои од колегите овој доктор го нарекле “злобен гениј“.

Гутијер бил инспириран од Јутјуб видео снимки кои ги направиле доктори од Детроит во 2006-та година. Изјавил дека создал сложен респиратор кој на луѓето ќе им пружи најдобра шанса за преживување.

„Во еден момент можеби нема да имаме друга можност“ – изјавил Гујитер за „SBS News“.

„Опцијата би можела да биде добра. Станува збор за тоа дека ќе мора да бираме или да им дозволуваме на луѓето да умираат или пак да им дадеме можност да преживеат“.

Респираторот за девет луѓе сега е на насловните страни ширум светот откако колегата на канадскиот доктор фотографијата ја објавил на социјалната мрежа Твитер.

„Така нашиот “злобен гениј“ за десет минути го зголеми капацитетот на нашата болница од еден на девет пациенти“ – напишал тој.

Очигледно дека и Маск бил импресиониран од докторот затоа што искоментирал дека станува збор за навистина интересна идеја.

Маск напишал: „Еден компјутер, пумпа и акумулатор за притисок би биле во ред за многу пациенти“.