Лејди Гага заврши во болница поради фибромиалгија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поради силни физички болки славната поп пејачка Лејди Гага беше хоспитализирана и го откажа својот настап на Rock In Rio во Бразил.

„Сè би направила за вас, но сега морам да се погрижам за себеси“, напиша на својот Инстаграм профил пејачката.

31-годишната Гага неодамна соопшти дека боледува од фибромиалгија, состојба која предизвукува непријатно чувство и болки по целото тело. Таа ги замоли фановите за разбирање и вети дека ќе одржи настап штом ќе се опорави.

Претходно овој месец, пејачката го откажа и настапот во канадски Монтреал, а во октомври требаше да настапи и во Велика Британија.

Неодамна го промовираше документарниот филм Five Foot Two, кој веќе почна да се прикажува во САД, а на 22 септември ќе почне со прикажување и во Велика Британија на Netflix. Со овој документарец Лејди Гага сакаше да ја покаже и другата страна на својата кариера.