Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во исто време кога ја раскина свршувачката со Кристијан Карино, околу името на Лејди Гага се рашири шпекулацијата дека е во тајна романса со актерот Бредли Купер, откако имаа интимна и емотивна изведба на заедничката песна од филмот „A Star Is Born“ на доделувањето на Оскарите. Дополнително, почнаа да се шират гласини дека Лејди Гага е бремена.
Пејачката и актерка на војот Твитер профил се огласи за шпекулациите со остар и категоричен одговор. „Зборуваат дека сум бремена? Да, бремена сум со LG6”, напиша 32 годишната ѕвезда, алудирајќи на новата песна и албумот, кој под тоа име ќе го издаде годинава.
Rumors I’m pregnant? Yeah, I’m pregnant with #LG6
— Lady Gaga (@ladygaga) March 12, 2019
Лејди Гага и Бредли Купер на Оскарите ја изведоа песната „Shallow”, а нивниот настап ги полнеше со денови таблоидите со претпроставки за интимна врска меѓу нив.