Славни

Лејди Гага откачи заради Бредли Купер: „Бидете пристојни или гонете се!“

Лејди Гага за време на својот последен настап им порача на фановите да бидат пристојни или да одебат, откако тие довикуваа до неа прашувајќи ја каде е Бредли Купер, само неколку дена после раскинувањето на актерот со манекенката Ирина Шајк.

Пејачката настапуваше во Лас Вегас во саботата вечерта, кога дел од обожавателите присутни на настапот ја изнервираа со довикувањата упатени до неа, после шпекулациите дека и таа на некој начин влијаела врз раскинувањето на љубовната врска меѓу Бредли Купер и Ирина Шајк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on

Пред да го изведе хитот Shallow, поместен на саундтракот од минатогодишниот филмски хит „A Star Is Born“ во кој Гага глумеше со Бредли Купер и поради кој беа иницирани „навивањата“ од нивните обожаватели тие двајца да завршат заедно и во реалниот живот, Гага им се обрати на присутните во салата: „И уште една работа. Бидете пристојни или одебете“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) on

Оваа година Гага го потврди раскинувањето на веридбата со музичкиот могул и агент за музички таленти, Кристијан Карино, после две години поминати во врска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on

Минатата недела, моделот Ирина Шајк се иссели од заедничкиот дом кој го делеа со Бредли Купер. Тие беа во врска четири години и имаат двегодишна ќеркичка.

Advertisements
To Top