Лејди Гага конечно призна зошто со Бредли Купер имале толку емотивен настап


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Девет месеци откако нивниот заеднички настап на доделувањето на Оскарите цел свет го убеди дека меѓу нив постои нешто повеќе од пријателство меѓу нив двајца, Лејди Гага проговори за фамозниот настап со Бредли Купер и она што го изведоа на сцената.

Откако заедно го отпеаја хитот „Shallow“, нежно гледајќи се и допирајќи се, Гага и Бредли завршија на насловните страни од сите светски медиуми.

Сепак, Гага открива дека со тој настап и таквата емотивна изведба тие сакале само да привлечат што поголемо внимание врз филмот.

„Направивме филмска љубовна приказна. За мене, како изведувачка и како актерка, секако дека сакавме луѓето да веруваат дека сме заљубени еден во друг. И сакавме луѓето да ја почувствуваат таа љубов и на доделувањето на Оскарите, надвор од филмот“, изјави Гага.

„Сакавме тоа да помине право низ објективите на камерите и да се види на секоја телевизија. И напорно работевме на тоа, работевме со денови. Сето тоа го пресликавме и го направивме како претстава“, заклучи пејачката која смета дека таа вечер завршиле одлична работа.