Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако веќе со денови се пишува за интимната, емотивна, исполнета со разнежнувачки набој заедничка изведба на Лејди Гага и Бредли Купер, кој иницираше еден куп нагаѓања и шпекулации во жолтиот печат и социјалните мрежи ширум цел свет, Лејди Гага кажа неколку муабети за тоа на гостувањето кај Џими Кимел.
„Прво, сакам да кажам дека социјалните мрежи се интернет WC“, започна Гага на гостувањето во шоуто на Кимел. „Го видовте тоа што ние сакавме да го видите. Таа е љубовна песна. Тоа е љубовна приказна и ние напорно работевме на неа“, продолжи пејачката.
Додаде и дека Купер имал точна визија како треба да изгледа сето тоа. „Ги имав ставено рацете и околу Тони Бенет во последните три години. Тоа го правиш кога пееш љубовни песни“, објаснува Гага.
Извори блиски на Гага и Купер тврдат дека актерот намерно сакал да создаде поврзаност меѓу нив и пред и зад камерите. Но, набрзо беше иницирана лавина од шпекулации дека таа поврзаност станала толку голема што резултирала со раскинување на свршувачката на Лејди Гага и дека меѓу Гага и Купер постојат љубовни искри.