Лејди Гага и стави крај на дилемата: Потврда за она што долго се насетуваше


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Познатата пејачка, Лејди Гага го потврди она што веќе долго се насетува и погодува.

Поп пејачката на доделувањето на наградата „Women in Hollywood“ на магазинот „El“ откри дека нејзиниот дечко и агент Кристијан Карин сега е нејзин вереник.

Откако латино дивата Џенифер Лопез ја врачи наградата, Лејди Гага од бината се заблагодари на сите.

„Благодарам на сите мои сакани. Боби, Те сакам. Ги сакам сите од масата 5. Мојот вереник Кристијан и сите кои се грижат за мене секојдневно“, истакна Гага.