Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информациите кои ги пренесува Hollywood Life, Лејди Гага и Бредли Купер планираат нова соработка на филмското платно. И повторно, додуша во други околности, би требало да глумат пар. После музичката љубовна драма која ги спои, на ред наводно е научно-фантастичен спектакл.
Третото продолжение од кино хитот на Marvel, „Guardians of the Galaxy“, во кино салите треба да се појави во 2021 година. Лејди Гага, според изворот на кој се повикува Hollywood Life, би требало да биде новото засилување во редот на супер-хероите. Наводно ја чека улогата на Лили, во која се вљубува Рокет Ракун, ликот кој го игра Бредли Купер.
Комбинацијата од драмата на филмското платно во филмот „A Star is Born“ и драмата од реалниот живот, после која Купер се раздели од долгогодишната партнерка Ирина Шајк, со која имаат ќеркичка, уште е топ тема во медиумите. Обожавателите на овие ѕвезди сакаат уште од истата, а холивудските филмски студија се свесни за тоа.