Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Дел од англиските фудбалски легенди остро го нападнаа менаџерот на Челзи, Антонио Конте за изданието на неговиот тим во дербито против Манчестер Сити.
Челзи имаше само 29% посед на топката, а Сити оствари неверојатни 902 додавања. Освен тоа, фудбалерите на Конте упатија само три удари, ниеден во рамките на голот и на крајот го претрпеа четвртиот пораз во последните пет кола со што сериозно го доведоа во опасност пласманот во Лигата на шампионите за идната сезона.
„Ова беше антифудбал, Челзи направи злосторство врз фудбалот. Во почетната постава имаа девет фудбалери кои ја освојувале титулата во Премиер лигата, а Сити само двајца, но изгледаше обратно. Јасно ми е да сакаш да играш без напаѓач, да не сакаш да загубиш, но Челси има добри фудбалери и не сфаќам како е можно да играат без намера да нападнат”, изјави поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Реднап.
На критиките на Реднап се придружи и Гери Невил.
„Од година во година гледаме екипи кои играат бункер против поквалитетните екипи. Тоа е нормално. Но, кога така игра Челзи во Премиер лигата тоа е неприфатливо. Изгледаа како кукли на теренот кои ги гледаат играчите на Сити како играат фудбал“, истакна Невил.
“Iz godine u godinu gledamo momčadi koje igraju bunker protiv puno kvalitetnijih ekipa. To je normalno. No, kad tako igra Chelsea u okvirima Premiershipa je to ne prihvatljivo. Strašno. Pa izgledali su kao lutke na terenu koje gledaju Cityjeve igrače kako igraju nogomet”, rekao je Neville
WATCH: "That was anti-football. That was a crime against football what they did today." ???
Were @ChelseaFC too negative against @ManCity today?
Jamie Redknapp says Chelsea's performance at Man City was a 'crime against football': https://t.co/cHBeFqX2fH pic.twitter.com/P0dTFjcBSp
— Sky Sports PL (@SkySportsPL) March 4, 2018