Легендите го нападнаа Арсенал: Анри сакал да си замине, Невил испрати јасна порака, Карагер ШОКИРАН!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Дербито помеѓу Ливерпул и Арсенал во рамките од третото коло во Премиер лигата кое заврши со победата на „црвените“ од 4:0 ги разбесни сите навивачи на „топџиите“ кои бараат смена на Венгер.

Таквите реакции се и очекувани, Арсенал против Ливерпул изгледаше како тим без желба и идеја, со еден збор катастрофа. Легендата на Арсенал, Тиери Анри, застана на страната на навивачите и ги критикуваше фудбалерите на тимот, а истакна и дека во еден момент сакал и да го напушти стадионот, пишува Спортски.мк.

„Сакав да го напуштам стадионот, не можам да кажам дека сум премногу шокиран. Поразот не е проблем, проблем е начинот на кој Арсенал ги губи натпреварите. Тука пред се мислам на недосататокот на желба, обврски и жар. Тимот за кој играв можеше да се бори. А овие момци? Каде е нивната желба?“, запраша Анри.

Додека, Анри, беше колку толку благ кон својот поранешен клуб, тоа не беше случај со Гери Невил. Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед испрати повеќе од јасна порака, пишува Спортски.мк.

„Сите играчи би ги ставил на трансфер лисатата. Најсеризно. Нема многу кои би можеле да играат за подобар клуб од овој во кој сега се“, изјави Невил.

Карагер исто така не штедеше критики.

„Играта на Арсенал во средниот ред е катастрофална. Рамзи воопшто не ја гледаше топката, целосно беше надвор од натпреварот. Средниот ред на Арсенал, апсолутно ме шокираше во првиот дел“, објасни Карагер.