Легенди! Жерард и Лампард го добија местото кое го заслужија!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поранешните фудбалери Стивен Жерард и Франк Лампард добија место во англиската сала на славните. Тоа денес го соопшти на својата интернет страна – Националниот фудбалски музеј.

Синоќа се одржа свечената церемонија на која двајцата фудбалери беа примени во салата, која што се наоѓа во Манчестер. Место во салата добија и Гери Спид кој се самоуби во 2011 година на 42-годишна возраст, како и Били Бондс, Боб Вилсон, Кели Смит и Рејчел Јанки.

Жерард е жива легенда на Ливерпул каде ираше од 1998 до 2015 година, и запиша 650 натпревари за клубот од „Енфилд“ на кои постигна 180 гола за запиша 100 асистенции. Легендарниот капитен никогаш не ја освои титулата во Премиер лигата, а како најголем успех секако е освојувањето на Лигата на шампиони во 2005 година.

Лампард во 2001 година премина од Вест Хем во Челзи каде доби легендарен статус и одигра 648 натпревари на кои запиша 211 гола, што е рекорд во историјата на „сините“. Лампард три пати беше шампион на Англија со Челзи и ја освои Лигата на шампиони во 2012 година.