Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Познатиот македонски музичар Влатко Стефановски на 21 април ќе одржи концерт во белградскиот „Сава центар“, придружуван од Големиот оркестар на словенечката Армија.
Како што јави белградски „Блиц“, по повод настапот, Стефановски упати видео порака до белграѓани да „не го пропуштат овој концерт“.
„Доаѓам од Скопје, а од Љубљана ми доаѓа Биг Бенд оркестарот на словенечката војска со кој соработувам веќе две години. Немојте да ја пропуштите оваа можност да ме видите и слушнете во еден многу богат звучен и музички контекст“, порача Влатко Стефановски.
Според организаторот на концертот, Стефановски и словенечкиот воен оркестар ќе изведат репертоар составен од некои негови композиции, позанти фанк, џез и соул нумери, како и традиционални песни.
„Ќе бидат изведени некои нови аранжмани и нумери што досега не ги изведувале заедно“, се додава во најавата.