Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Актерската легенда Џек Николсон нема снимено филм од 2010 година, а оваа 2017 се враќа на платното во англискиот римејк на филмот Toni Erdmann кој е номиниран за Оскар.
Изворите наведуваат дека Paramount Pictures ги купи правата да направи римејк на фалениот германски филм, а главната улога ќе ја толкува Џек Николсон, додека ликот на неговата ќерка ќе го глуми Кристен Виг, пренесува Variety. Засега се немаат огласено до Paramount.
Џеко последен пат се појави во споредната филмска улога од романтичната комедија How Do You Know во 2010, а главна улога последен пат имаше пред 10 години во The Bucket List, заедно со Морган Фримен.
Марен Аде која го напиша и режираше оригиналот, ќе работи и на римејкот заедно со продуцентите Џонас Дорнбах и Џенин Џековски. Во оригиналниот филм глумеа Питер Симонишек и Сандра Хулер, а приказната го следи еден татко кој се обидува повторно да се зближи со својата ќерка „воркохоличарка“. Toni Erdmann е номиниран за Оскар за најдобар странски филм, а претходно освои и Златен глоубс во истата категорија.