Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендата на Челзи, Френк Лампард пред крајот на кариерата играше за Њујорк Сити, а вчера и официјално стави крај на кариерата.
Честитки и признанија за Лампард доаѓаа од сите страни. Долгогодишните колеги, но и ривали со голема доза на почит се простија од англиската легенда.
Стивен Џерард, Џон Тери, Карло Анчелоти, Алесандро дел Пјеро, Икер Касиљас се само некои од великаните на оваа игра кои му се заблагодарија на Лампард за целиот допринос кој го даде за фудбалот.
Сепак, не го третираат сите Лампард како легенда. Имено, ривалите на Њујорк Сити од МЛС лигата, Њујорк Ред Бул се „простија“ од Лампард без ни малку почит.
Поставија кратко видео на официјалниот Твитер од еден натпревар против Њујорк Сити со порака „Bye, bye. NY is RED“.
??bye?? #NYisRED pic.twitter.com/VGkNewQ8Nn
— New York Red Bulls (@NewYorkRedBulls) February 2, 2017
Со оглед на тоа дека социјалните мрежи се многу актуелни, па ништо не може да помине неприметено, Твитер заедницата со бес и критики одговори на ваквиот „твит“ на Ред Бул.
„Покажете малку почит“, „Лампард е поголем од вашиот клуб“, беа само некои од коментарите на срамиот „твит“.