Легендата од Тонга: Лани прв пат виде снег, денес е хит на Олимпијадата во Пјонгчанг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пита Тауфатофуа од Тонга е харизматичен лик кој од самиот старт, па дури и од пред отворањето, стана хит на зимските Олимписки игристана голем хит. На два степени под нулата излезе разголен со знамето од својата татковина во раце и ги собра симпатиите на свеченоста, станувајќи атракција која воодушеви.

Јако е што типов професионално се занимава со таквондо, но бидејќи е инспириран да граба по нови предизвици во животот, после летните Олимписки игри во Рио, каде што исто го вееше знамето, реши да се проба и во зимските споротови.

Буквано пред една година прв пат виде снег, а веќе беше решен да се натпреварува на зимска Олимпијада во нордиско скијање. До почетокот на минатата година возел трки во „ролер-ски“, но за остварување олимписка норма му беа потребни и резултати на снег. Нормата успеа да ја исполни пред неполн месец, овој јануари, на трка во Исланд.