Легендата на Ливерпул откри шокнатни детали и го расплака Островот!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Еден од најтрофејните фудбалери на Ливерпул и икона на „црвените“ за „Би-Би-Си“ откри шокантни детали од младоста.

Брус Глобелар го бранеше голот на Ливерпул цели 13 години (1981-1994) и за тоа време освои 6 титули шампион на Англија, една титула шампион на Еропа, 3 ФА Купови и исто толку Лига купови.

Глобелар како голман на „црвените“ беше сведок и на катастрофите на Хејсел и Хилсборо. Меѓутоа, сега откри дека активно сведочел во брутална војна, па и самиот морал да убива.

Драмата на голманот роден во Јужна Африка почнала во 1978 година кога имал 21 година. Тогаш во Родезија, мегународно непризната афричка држава бил регрутиран за воен рок. Наместо да помине во униформа 11 месеци, ја носел две години до крајот на војната во која црните герилци се бореле за превласт над белците.

„Бев извидник кој одеше длабоко во непријатеслка територија. Во текот на војната видов тројца пријатели како умираат, а и самиот бев присилен да убивам. Тие страшни спомени сега се помалку ме прогонуваат, но и денес се случува да се разбудам среде ноќ од кошмар“, открива Глобелар.

Признава дека фудбалот му го „спасил“ животот и му помогнал до крај да не потоне во депресија откако војната и смртта му ја одбележале младоста.