Легендата Мориконе: „Никогаш не сум рекол дека Тарантино е кретен“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако германското издание на „Playboy“ објави наводно интервју со славниот композитор Енио Мориконе, кој доби Оскар за „саундтракот“ на „Hateful Eight“ од Квентин Тарантино, во кое го критикувал споменатиот режисер и го нарекувал кретен, се огласи и самиот Мориконе.

Во соопштение за медиумите, Енио потенцирал дека тоа тврдење е лажно. „Никогаш не сум дал интервју за германскиот „Playboy“ и не сум го нарекол Тарантино кретен, а секако дека не мислам оти неговите филмови се ѓубре“, навел композиторот. Дополнително, композиторот најави дека ќе го тужи споменатиот магазин за клевета.

Германскиот „Playboy“ објавил интервју со тој композитор во кое тој наводно изјавил дека Тарантино е „кретен“ бидејќи филмовите ги прави на начин на кои краде од другите и потоа ги спојува во свои остварувања. Тој во тоа интервју наводно зборувал лошо и за Оскарот, наведува „Guardian“.

„Не е оргинален. Не може да се спореди со големите имиња на Холивуд како Џон Хјустон, Алфред Хичкок или Били Вајлдер. Тие беа извонредни. Тарантино само ги копира филмовите“ – наводно изјавил Тарантино во споменатата интервју.

Мориконе на својата Фејсбук страница навел дека никогаш не давал негативни критики за Американскта филмска академија, ниту за Тарантино кого го смета за „голем режисер“.