Легендарното хипи-комби од Фолксваген со нов дизајн и погон на струја (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


VW „Type 20“ е електричен концепт базиран на култното хипи-комби од Фолксваген „Type 2“ од 1962 година, кој го претстави Фолксваген Америка, „Type 20“ содржи цел куп експериментални компоненти како „тактилни објекти и интерактивна електроника“.

Комбито изгледа исклучително кул со двобојна каросерија и портокалова лента на долниот дел. Има и оригинални тркала и држачи на ретровизорите со органски инспириран дизaјн кој ги прави поцврсти и полесни.

Во кабината има предна клупа и волан изработен во истиот органски стил. „Type 20“ има и холографски дисплеј „looking glass 2“. Фолскваген тврди дека може да продуцира 3D слики без да има потреба од специјални очила.

Мотивацијата се добива од батерија од 10 киловат часа која го напојува електромоторот со 120 коњски сили.

Комбето има и оригинална пневматска амортизација развиена во соработка со Порше. не се знае многу за неа, но компанијата откри дека концептот „Type 20“ ќе се поткрева кога му се приближува возачот.

Иако „Type 20“ е само концепт, Фолксваген ќе понуди сериска верзија од ај-ди баз концептот. Тој ќе пристигне во 2022 година и ќе биде електрично комби кое „црпи од духот и шармот кои го направија фолксваген „Type 2“ толку култно возило“.