Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанската голманска легенда, Сантјаго Кањизарес, ја раздрма шпанската јавност со изјавата дека трагично загинатиот шпански фудбалер Хозе Антонио Рејес не заслужува почест како да бил херој, бидејќи пред кобната сообраќајна несреќа покажа неодговорен став кон возењето.
Трагичната смрт на 35-годишниот шпански фудбалер Хозе Антонио Рејес, кој загина во сообраќајна несреќа која се случи на сообраќајната делница помеѓу Севиља и Утрере, родното место на играчот, го шокираше целиот фудбалски свет.
Многу негови бивши соиграчи и речиси сите европски клубови се огласија во врска со загинувањето на Рејес и оддадоа почест и сочувство преку социјалните мрежи, заедно со поддршка за семејството на Рејес. Но, на таа фреквенција не се најде и легендарниот шпански голман Сантјаго Кањизарес, кој има целосно поразлично гледање на она што се случи и целокупната трагедија.
„Несоодветната брзина на возење е неодговорен став. Во несреќата има жртви освен возачот. Рејес не заслужува почесто како да беше херој, но тоа не значи дека не жалам заради она што се случи и дека не се молам за тие души“, напиша на Твитер Кањизарес.
Circular con exceso de velocidad es una actitud reprochable
En el accidente ha habido víctimas además del conductor
Reyes no merece un homenaje como si fuera un héroe
Pero eso no quita que lamente lo ocurrido y que rece por sus almas
Lo intolerable lo encuentro en quien se alegra— SANTIAGO CAÑIZARES ? (@santicanizares) June 1, 2019