Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Павле Вујисиќ никогаш не ги сакал политичарите, а за изборите и изборните ветувања немал високо мислење.
Целиот негов филмски актерски опус беше посветен на исмејување на лагата, особено во серијата „Повеќе од игра“, во која партнери му беа Никола Симиќ, Зоран Радмиловиќ, Властимир Ѓуза Стојиљковиќ, Слободан Алигрудиќ и други.
Во серијата од 1976 годна Вујисиќ го играше ликот на Лека Банкрот, повеќекратен шампион во лажење во измисленото гратче Градина. Во епизодата „Шипак“, преку ликот на Лека, на натпревар за „Лажго на годината“, одржан на 1 април, 1941 година, Вујисиќ ја изговара култната реплика која на нашиве простори со секој нов изборен циклус сè повеќе добива на тежина и актуелност.
„Луѓе, гледајте ја оваа торта. Гледајте ја и нагледајте се. Нема да ја видите ниту вкусите четири години…“, се воведните зборови од оваа култна реплика која во целост сè уште важи како своевиден најконкретен симболичен опис за судбината на народот на нашиве простори пред и после секои избори.