Легендарниот Омејер ќе игра на Европското првенство


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тиери Омејер пред повеќе од шест месеци објави крај на репрезентативната кариера, меѓутоа неговото име се најде на проширениот список на Франција за Европското првенство.

Селекторот на Франција, Дидие Динар, го замолил легендарниот голман да биде на списокот во случај да се повреди некој од тројцата голмани: Венсан Жерар (Монпеље), Сирил Думолан (Нант) и Жилиен Мејер (Шамбери).

Омејер е најуспешниот голман во историјата на ракометот со пет светски, три олимписки и две европски титули.

Неодамна го прослави 41-от роденден, а сѐ уште е еден од најдобрите во светот и го брани ПСЖ.